ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево преку прес-конференција потсети за опасноста која демне од свлечиштето кое може целосно да ги отсече од градот месноста Крушино и село Кнежино.
-Како последно предупредување и апел од нас ни преостанува да ги замолиме локалните функционери од СДС и нивните коалициони партнери од ДУИ барем за кратко да одморат од реализирање на нивните ветени проекти кои требаше да бидат завршени уште во 2019 година, а 99 проценти од нив не се ни започнати и под итно да се заложат за решавање на овој проблем, велат тие.
Додаваат дека мора итно да се санира ова свлечиште.