ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп денеска преку прес-конференција потенцира дека директорот на детските градинки во Прилеп ја тресат низа скандали.
-Согласно Законот за вработени во јавниот сектор, во организација со 300 вработени, директорот смее да вработи само 3 лица со договор на дело. Но, тоа не важи за градинките во Прилеп, каде моментално со договор на дело работат над 30 лица.
Директорот Тодороски, заедно со градоначалникот Јованоски и претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески, си поигруваат со судбината на овие луѓе, бидејќи нивните вработувања се спротивни на Законот.
За една година од џебот на родителите и буџетот на државата за овие лица се исплатени околу 2 милиони денари, пари за кои некој ќе мора дебело да одговара.
Покрај тоа во оваа институција откако СДСМ е на власт, се измислуваат и работни места кои не се предвидени во Систематизацијата на работни места во градинката.
Таков пример е работното место кое гласи одговорен за технички персонал и кујна, што е само едно од незаконските дејствија што ги преземаат кадрите на СДСМ.
Прашуваме и дали претходната директорка Бети Спиркоска, која 6 месеци ја извршуваше функцијата, се подготвува да биде раководител, иако дипломирала во 2017 година, а потребно е да има искуство во траење од 5 години?
Исто така, дали огласот од пред неколку месеци со кој се вработија 4 негователки и една садомијачка, беше распишан според Систематизација која не е во употреба?
Дали институцијата за овој оглас, по жалба на лица кои конкурирале, доби одлука огласот да биде поништен, а сепак претходно споменатите лица ги вработи повторно со договор на дело?, стои во нивниот пост на Фејсбук.