понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Погубните политики на СДСМ со кои Македонија ја клекнаа на колена во саботата добија црвен картон од народот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Погубните политики на СДСМ со кои Македонија ја клекнаа на колена во саботата добија црвен картон од народот

Погубните политики на СДСМ со кои Македонија ја клекнаа на колена, во саботата добија црвен картон од народот. Затоа што народот знае, народот е свесен и народот сведочи за секојдневните предавства и понижувања кои владата предводена од СДСМ му ги прави, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-Сите кои сте на чело на СДСМ и на локално и на централно ниво, народот ве гласаше за да сработите нови проекти во интерес на граѓаните,  да ги зголемите платите на здравствените,  на просветните работници, да овозможите подобри услови за работа на приватниот сектор со цел зголемување на платите и во овој сектор. Да донесете нови инвестиции и нови работни места. Да градите нови училишта, нови градинки и  подобра инфраструктура. Вас, Јованоски Илија и Хари Локвенец, граѓаните ви дадоа доверба да го овозможите сето ова. Во Вашите изборни програми имаше проекти со кои ги излажавте прилепчани. Во нив не го ветивте вашиот единствен проект до сега реализиран,  промена на вековното име на нашата татковина,  Македонија. Вашето неработење и вашата неспособност ја криете зад лажната европска иднина, а всушност сте директни учесници во срамното уништување на се што е историја и што со векови му припаѓа на нашиот народ, потенцира Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

Тој додава дека наместо да се засрамите, вие уште и учествувавте во некаква си прослава за наводен „историскиот успех” која доживеа целосно фијаско, и тоа не само во Прилеп, туку ширум сите градови низ Македонија. Секој изминат ден излегуваат на површина лагите,  манипулациите и цела неспособност на СДСМ.

-Имено градоначалникот Јованоски во своето обраќање потенцира дека „Македонија добила покана за НАТО, и дека имала датум за преговори со ЕУ”. Она што градоначалникот и пратеникот Локвенец заборавија да им кажат на прилепчани е тоа дека оваа покана за во НАТО не е ништо повеќе од поканата која Македонија ја доби во 2008 година,  но сега со многу битна разлика. За разлика од 2008 година кога за влез во НАТО се бараше само промена на името, сега во 2018 се бара целосна имплементација на срамниот договор кој Заев го потпиша со Грција. Или, целосно бришење на националните интереси,  култура и македонско културно наследство. Требаше да им кажат на прилепчани дека датумот за почеток на преговори за членство во ЕУ е условен датум, што не е исто со почеток на преговори како процес и дека токму почетокот на преговорите зависи од исполнување на многу услови на штета на македонскиот народ. Она што може да се констатира со сигурност е дека Зоран Заев и владата од СДСМ, ја урнисаа Македонија, ја уназадија за 100 години, го уништија владеењето на правото и правната држава, корупцијата доживува свое рекордно високо ниво. Во саботата, граѓаните испратија јасна порака дека оваа „ЌЕ влада“ мора што поскоро да си замине. Затоа што Македонија заслужува подобро! Затоа што Македонија мора да оди напред! Македонија ќе победи!, потенцира Ристески.

Најнови вести