сабота, 6. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Јасно е дека докторот Николов преку градоначалничката функција бара спас за фамилијарната фирма пред стечај

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Јасно е дека докторот Николов преку градоначалничката функција бара спас за фамилијарната фирма пред стечај

Согласно Хипократовата заклетва, неетички е во време на светска пандемија на сметка на здравјето на граѓаните, доктор да гледа политички и личен интерес преку јавни функции. Јасно е дека докторот Николов преку градоначалничката функција бара спас за фамилијарната фирма пред стечај – Баргала, која несомнено тоне во долгови и проблеми, ова денеска преку реакција до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

Од таму додаваат дека граѓаните на Штип знаат што значи за градот семејната компанија на докторот Николов, колку плата земаат вработените и колку семејства останаа без егзистенција овој период.

-Затоа, залудни ќе останат обидите на СДС да го искористат докторот како алатка за добивање на политичка моќ, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

Најнови вести