вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес: Сведоци сме на нови партиски вработувања во Велес иако градоначалникот го ветуваше спротивното

ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес: Сведоци сме на нови партиски вработувања во Велес иако градоначалникот го ветуваше спротивното

Како советничка група на општествено одговорна партија како што е ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери, сакаме јавно да ги запознаеме граѓаните на Општина Велес за тоа што се случува со „домаќинското”  работење на Општина Велес на чело СО градоначалникот Коцевски и неговите соработници и кадри, ова денеска преку прес-конференција го потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.

-Имено на вчерашната, 40-та седница на Советот на Општина Велес, советничкото мнозинство предводено од СДСМ донесе  ПРЕДЛОГ ГОДИШЕН ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ во ЈКП Дервен. Да ве потсетам, почитувани сограѓани, господинот Коцевски пред две години ни велеше дека има превработеност во јавните претпријатија и општинската администрација, за сега да бидеме сведоци на еден ваков план кој предвидува рекордни 142 нови работни места, од кои 42 се референти и шефови. Повторно ќе бидеме сведоци на нови партиски вработувања сега во ЈКП Дервен, кое веќе две години работи со енормна загуба. Господинот Коцевски заедно со директорот на ЈКП Дервен, Душко Ќумбев, повторно планираат нови вработувања а со тоа и проширување на мрежата на партизирана администрација, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.

Од партијата истакнуваат дека В.Д Директорот на ЈКП Дервен, кој не беше избран поради неисполнување на условите за директор, би морал да им одговори на велешани зошто имавте прекин на договорите и отпуштања од работа на околу 40 вработени кои не беа политички истомисленици со вас, за сега да планирате нови 142 работни места. Одговор господине директоре ќе морате да дадете и за недомаќинското работење кое резултира со огромна загуба за време на вашето директорување.

-Почитувани сограѓани, вакво е работењето на СДСМ и Аце Коцевски во нашиот град и јавните претпријатија. Ова е се само не е домаќинско работење кое го ветуваа и за кое тврдеа дека ќе го донесат додека гордо мафтаа презентирајќи ја програмата за живот. нКако последица на тоа логично би било да очекуваме ново поскапување на цените на водата и јавните давачки за да може да ги задоволат  апетитите на партиската војска на СДСМ. Со овој план и динамика на нови вработувања, прашање е кога тие вработени ќе престанат да земаат плата поради побарувањата кон ЈКП ДЕРВЕН, и дали се уште сметаат дека се оправдани покачувањата на хонорарите на членовите на УО во време на задолжувања, додаваат тие.

Најнови вести