вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Омилениот синдикалец на власта Димовски продолжува да биде омилен човек на Ковачевски, наместо омилен лидер на работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Омилениот синдикалец на власта Димовски продолжува да биде омилен човек на Ковачевски, наместо омилен лидер на работниците

Омилениот синдикалец на власта Дарко Димовски продолжува да биде омилен човек на Ковачевски, наместо да биде омилен лидер на работниците како нивен заштитник, реагираат на изјавата на претседателот на ССМ од ВМРО-ДПМНЕ.

Дарко Димовски со оглед на тоа што се пронајде во изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, добро е да објасни на целата јавност и пред се членовите на ССМ зошто ја троши својата енергија во политичка расправија со ВМРО-ДПМНЕ, наместо тоа да го прави со власта на СДСМ.

Дарко Димовски да ја трошеше енергијата за подобрување на работничките права и не беше омилен синдикалец на владата ќе беше во првите редови кога ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за зголемување на платите, и пензиите, кога се бори против најрасипничкиот буџет на власта, кога работниците се осиромашуваат со криминал и корупција, кога власта ги штити олигарсите наместо работниците. Тој не кажа ниту збор затоа што е одличен спаринг партнер на власта за која нема зима се додека на чело на синдикалното движење се луѓе како Дарко Димовски. Но и многу брзо ќе дојде зимата на Димовски по смена на власта кога институциите ќе се позанимаваат на каков начин е узурпирана позицијата прв човек на ССМ и на каков начин е штитена удобната позиција додека работничките права се газени.

И еве еден предлог до омилениот синдикалец кој има шанса да престане да се додворува на власта: нека напише предлог амандман со кој ќе се направи ребаланс и предвидат повеќе пари за повисоки плати, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе го поднесат и поддржат, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести