вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Понудата на СДСМ за локалните избори – Братучедот на Оливер Спасовски кандидат за Куманово од СДСМ, во Битола кандидатот за градоначалник бизнис партнер на Вице Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Понудата на СДСМ за локалните избори – Братучедот на Оливер Спасовски кандидат за Куманово од СДСМ, во Битола кандидатот за градоначалник бизнис партнер на Вице Заев

Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот на Оливер Спасовски во Куманово Оливер Илиевски стана кандидат за градоначалник. Додека султанот Заев го исклучи Максим Димитриевски зашто кажа дека СДС е киднапирана партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека во Битола кандидат за градоначалник е Христо Кондовски Стентоно кој е кандидат затоа што е бизнис партнер со Вице Заев.

-Ако Струмица е на Вицевци, Кондовски од Битола ќе прави Стентонград. Дополнително за Ѓорче Петров СДС го кандидира стариот, истрошен и корумпиран градоначалник Александар Наумовски кој ќе остане запаметен по набавката на машина за перење вредна неверојатни 50 илјади евра. Понудата на СДСМ на овие избори е криминал и неспособност. Оваа понуда е од лошо полошо, односно покрај дното СДСМ покажа дека постои дупло дно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести