Повторно цунами од заразени со Ковид, а Зоран Заев и Венко Филипче си тераа одмор, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Државата тоне се подлабоко со епидимијата, секој ден се зголемуваат бројките на заразени и починати од пандемијата. Само последните 6 дена, откако Заев и Филипче се сликаа во Македонија, па се вратија на плажите кај нашиот јужен сосед, во Македонија имаме нови 3336 новозаразени и 30 починати граѓани. Македонија повторно на врвот на Ворлдометар по проценотот на заболени и починати од Ковид. Ете толку ги чини граѓаните неодговорноста на власта. Пред само неколку недели велеа дека ја победиле пандемијата, за денес да имаме дневно по над 650 ново заразени од Ковид 19 вирусот. Наместо навремени и соодветни мерки за граѓаните, власта на СДСМ донесе дискриминирачки мерки со кои ќе бидат погодени не само здравствениот систем, туку и економијата во Македонија. Фашизоидни мерки кои најверојатно ги измислиле на плажите додека беа на одмор, истакнуваат од партијата.
Одговорност за овој хаос со здравствениот систем многу брзо ќе има, додаваат од таму.