четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ без трикови да опстои на ставот за поддршка на Резолуцијата со која се гарантираат црвените линии на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ без трикови да опстои на ставот за поддршка на Резолуцијата со која се гарантираат црвените линии на Македонија

СДСМ без трикови да опстои на ставот за поддршка на Резолуцијата со која се гарантираат црвените линии на Македонија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Резолуцијата ги штити црвените линии на нацијата и е плод на ставот на јавноста, МАНУ, УКИМ. Резолуцијата е првиот македонски документ кој претставува консензус на јавноста околу националните линии, и како таква треба да биде почитувана од сите политички чинители. Очекуваме од СДСМ да го одржи ветеното и да ја поддржи Резолуцијата а потоа и да ја почитува, без да се обиде низ собраниски процедури да ја осуети, истакнуваат од опозициската партија.

Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе! Додаваат од таму.

Најнови вести