петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно лаже и ја манипулира јавноста додека на јавна сцена во собрание ги крши законите и спротивно на Деловник верификува мандати

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно лаже и ја манипулира јавноста додека на јавна сцена во собрание ги крши законите и спротивно на Деловник верификува мандати

СДСМ повторно лаже и ја манипулира јавноста додека на јавна сцена во собрание ги крши законите и спротивно на Деловник верификува мандати, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денеска СДСМ верификува мандати спротивно на Деловникот за работа на собранието и неговиот член 17, кој јасно вели дека пратениците кои ќе станат пратеници од листата на кандидати во остатокот од мандатот собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, а не по предлог на верификационата комисија, како што тоа денес го прави. Пратеничката Гордана Силјановска Давкова не гласаше против верификацијата на мандатот на пратеникот Бедри Фазлиу, туку против процедурата по која СДСМ тоа го прави, додаваат од партијата.

Од таму се потенцира дека СДСМ и овој мандат го почна со кршење на постапките и законските решенија. Насилно и за гола власт ја уништија правната држава.

Најнови вести