Жителите на Теарце, Брвеница, Врапчиште и Јегуновце не беа поштедени од големите лаги и предизборни ветувања кои СДСМ ги даваа во предизборниот период, а како по обичај ниту едно од нив не реализираа, порачуваат Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.
„За жителите на Теарце, СДСМ ветуваа нова канализациона мрежа и пречистителна страница со што требаше да се стави крај на употребата на септички јами и да се заштити животната средина. Од ова ветување жителите на Теарце не видоа ништо. СДСМ во Теарце ветија и подобрување на водоснабдувањето за жителите, преку изградба на примарна и секундарна водоводна мрежа. И за ова СДСМ имаа големи ветувања, но никаде ги нема за да ги реализираат истите.
Секако најголемото ветување за жителите на Теарце беше ветувањето за изградба на нова детска градинка, за што СДСМ во нивен стил, ветија и не остварија.
За жителите на Брвеница, СДСМ ветуваа голем број на проекти пред се од областа на фекалната и атмосферската канализација, како и модернизација на системите за наводнување. И овој пат, СДСМ ветија-излажаа.
СДСМ за жителите на Врапчиште ветуваа големи инвестиции во комуналната инфраструктура, како што е подобрување на водоснабдувањето преку инвестиции во водоводната мрежа, како и доизградба на канализациона мрежа за населените места Врапчиште и Галате и изградба на канализациона мрежа во Зубовце со пречистителна станица за отпадни води . Дополнително, СДСМ ветија и изградба на акумулациона брана над село Зубовце за наводнување на Зубовско поле. И овој пат, СДСМ ветија-излажаа.
Ветувањата за жителите на Општината Јегуновце на СДСМ во предизборието беа најамбициозни, со ветувања за развој во сите сфери. Како најважни можеме да ги издвоиме ветувањата за изградба на канализациона мрежа во секое населено место, изградба на општинска фекална канализација со пречистителна станица до 2021 година, како и реконструкција и изградба на нови сообраќајни поврзувања во општината. И овој пат, СДСМ ветија-излажаа
СДСМ пред скоро 4 години ветуваа напредок, проекти, развој и многу работа за жителите на Теарце, Брвеница, Врапчиште и Јегуновце, а испорачаа лаги, корупција и очај“ – велат тие.