вторник, 16. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ со реакција за објавата на Шилегов за Универзална сала

ВМРО-ДПМНЕ со реакција за објавата на Шилегов за Универзална сала

Три години купуваше Шилегов со лагата за дислокација, па фингираните дебати кои ги смислуваше па најавувањето на реконструкцијата на Универзална сала која траеше, па немањето на проект за кој лажеше, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да ја потсетиме јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ на Шилегов му остави два проекта за Универзална сала, еден за комплетно нова сала и еден за нејзина темелна реконструкција. Што правеше Шилегов четири години при готови проекти за Универзална сала, дури сега повторно продава лаги. Четири години лажно ја ветуваше Универзална сала, за сега пред избори повторно да ги лаже скопјани со некаква визуелизација. На скопјани не им треба градоначалник шминкер, кој наместо да работи, дезертира од кризна состојба додека граѓаните се борат со пожарите во Скопје. Скопјани не заслужуваат градоначалник кој 15 дена одмара без гајле и троши по три македонски просечни плати за еден ден во луксузни хотели додека градот е во хаос. Шилегов сега попусто продава цртани филмови, кога ветувањата беа дека до сега Универзална сала требаше да биде готова четири пати, истакнуваат од опозициската партија.

Продавањето лаги четири години заврши, политичката кариера на Шилегов ќе заврши неславно, скопјани ќе го казнат, затоа што нема полошо од Шилегов за Скопје, додаваат од таму.

Најнови вести