За СДС успех е што Македонија плаќа највисока цена на струја за домаќинствата од сите земји од регионот. Додека СДС носат розови очила и само тие гледаат успех, фактите говорат дека Косово, Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија имаат пониска цена на струјата за домаќинствата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Воедно Македонија има највисок раст на цена на електрична енергија од сите земји не само во регионот туку и во Европа во фирмите и останатите не-домаќинства потрошувачи (со потрошувачка од 500MWh -2000MWh), и тоа за 327% или за 4,3 пати. Да имаше успешни мерки немаше македонските фирми и останати потрошувачи (не-домаќинства) да плаќаат четврта по ред најскапа струја во Европа. Дека СДС ниту донесоа ефикасни мерки ниту пак имаат успех во справување со енергетската криза покажува и тоа дека Македонија има највисок раст на цената на струјата за домаќинствата од почетокот на енергетската криза од сите земји во регионот. Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора имаат понизок раст на цената на струјата за домаќинствата од започнување на енергетската криза, велат од партијата.
Од таму додаваат дека реалноста е дека ниту донесоа навремени мерки за справување со кризата, а податоците покажуваат катастрофа и тотален колапс.