вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Велес повика на масовност на утрешниот антивладин протест: Помина една година на изневерени очекувања

ВМРО-ДПМНЕ Велес повика на масовност на утрешниот антивладин протест: Помина една година на изневерени очекувања

Имаме една година катастрофа, една година на изневерени очекувања. Измина една година откога СДСМ и Зоран Заев ја презедоа власта. Позади нас е година полна со понижување и лаги, година со нереализирани ветувања, година во која што економијата ни е на колена. Немаат реформа која што е реализирана.

Ова денеска го порачаа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, повикувајќи на голема масовност на големиот антивладин протест кој утре ќе се оддржи пред Владата на Република Македонија. Оттаму потенцираат дека Владата на Заев и картелот околу него за една година ја покажа својата неспособност и незнаење да работи за интересите на своите граѓани.

-Тиранската платформа, нелегален и нелегитимен избор на претседател на Собрание, случаите од Смилковско езеро и Диво Насеље, Законот за двојазичност, менувањето на името на државата, понижената полиција, запрената изградба на инфраструктурата, покачената акциза за нафтата, сето тоа е еден дел од т.н. реформи на оваа власт. Ги нема ниту 500. евра плата, ги нема ниту оние 100 илјади денари плата за докторите, ги нема ниту зголемените субвенции. Локалната власт не промени ништо освен директорите. Осум месеци се однесуваат како да се во опозиција, осум месеци немаат ниту чепнато со малиот прст. Ни го крадат достоинството, ни ги крадат животот и иднината залажувајќи не со некои лажни ветувања. Не тераат да одбереме меѓу стап и морков. Доста е, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

Организираниот превоз за сите оние граѓани кои од овој град ќе сакаат да одат на протестот во Скопје поаѓа од центарот на градот во 17:30.

Најнови вести