четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ во собранието ја поднесе предлог резолуцијата со која се гарантираат црвените линии на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ во собранието ја поднесе предлог резолуцијата со која се гарантираат црвените линии на Македонија

Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе предлог резолуцијата со која се гарантираат црвените линии на Македонија во собранието.

Резолуцијата инаку ја прифати и владејачката партија СДСМ која тврди дека македонскиот идентитет и јазик не можат да бидат услов за европскиот напредок на државата.

Резолуцијата денеска ја потпишаа 43-те пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и истата ја доставија до Собранието. 

Во продолжение следи текстот кој што денеска е  доставен во Парламентот

· Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.

· Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, повторувам континуитет.

· Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто:

– Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет и свој временски континуитет.

– Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе – вековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.

– Споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, понатаму подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам.

– Процесот за евро интеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите.

– Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи.

– Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност

Најнови вести