Скандалот „Мафија“ и третманот од страна на надлежните на истиот покажува дека во Македонија правда нема. Оваа власт предводена од Заев и СДСМ не знае што е правда во вистинска смисла на зборот. Граѓаните гледаат дека правда кога СДСМ е на власт е кога за криминалци, лица блиски до власта не важи законот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека за случајот излегоа виновни лица кои одлучиле поради икс причини да ја преземат вината на себе.
– Тоа се само жртвени јагниња, само за да не одговара главниот виновник Оливер Спасовски. Очигледно е дека во договор со нивните началници и повисоките структури во министерството на Спасовски, луѓето одлучија да ја преземат вината и да одлежат две години. ВМРО-ДПМНЕ прашува каде е финансиска истрага за парите, зошто нема потерници за мафијашите? Ова вака нема да помине. Сите осомничени ќе излезат пред лицето на правдата, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.
– Сите што се инволвирани во овој случај треба да знаат половина балканска мафија, албанска, турска, црногорска, италијанска, па и шпанска мафија имаат македонски пасоши и ВМРО-ДПМНЕ нема да биде нема за овој случај. Овој случај ќе има разрешница според сите меѓународни стандарди, додаваат од партијата.