Заев за Охрид го предлага Георгиевски, за кој и неговата министерка за култура кажа дека нема волја да го заштити културното наследство на градот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Константин Георгиевски повеќе од година и половина не направи ништо за уривање на дивоградбите и решавање на урбаниот хаос. Со Георгиевски Охрид ризикува да го изгуби статусот на град под заштита на УНЕСКО. И министерката за култура Стефоска од СДСМ кажа дека општина Охрид нема волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО и дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите. Како сега преку ноќ истиот тој Георгиевски е компетентен и способен? Како човекот заради кој виси статусот на Охрид на листата на УНЕСКО е добар градоначалник?, прашуваат од паратијата.
Од таму додаваат дека Георгиевски е лош избор за Охрид. Тој е доказ дека СДСМ нема кадри и дека никој не им се нафаќа освен неспособни и криминалци. СДСМ оди со стари и истрошени кадри. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!