вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто некој сакал да го сокрие исчезнувањето на 17 годишното девојче од Домот за деца без родители?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто некој сакал да го сокрие исчезнувањето на 17 годишното девојче од Домот за деца без родители?

За само еден месец имаме втор скандалозен случај со штитеници од дом за деца без родители, кoj што министерството за труд и социјала се обидува да го сoкрие од јавноста.

Седумнаесет годишно девојче скоро 4 месеци било исчезнато од Домот за деца без родители „11 Октомври“, а службите пред два дена пријавиле во МВР дека е исчезнато.

Зошто некој сакал да го сокрие исчезнувањето на седумнаесет годишното девојче од Домот за деца без родители?

Дали министерката Мила Царовска е запознаена што се случува низ институциите на министерството и дали некој воопшто се грижи за штитениците од домовите?

Што треба да се случи за Мила Царовска да ја признае неспособноста, да се извини и да го препушти местото на некој што ќе знае да ја врши функцијата?

Пред само еден месец 13 годишно малолетно девојче забремени откако била сексуално злоставувана и малтретирана, а никој не сноси никаква одговорност за истиот грозоморен чин. После тоа слушнавме за дете кое шест месеци било исчезнато и пронајдено на скопските улици.

Уште колку малолетни штитеници треба да исчезнат или да бидат малтретирани и злоставувани, за конечно да профункционираат институциите на системот?

Додека Мила Царовска молчи, граѓаните очекуваат одговори, но и одговорност.

Одговорност од министерката Мила Царовска мора да има. Најмалку што може да направи е да си поднесе оставка поради неспособноста да ја води институцијата.

Најнови вести