вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Внимателно возете, намалена видливост од 30-50 метри поради густа магла

Внимателно возете, намалена видливост од 30-50 метри поради густа магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец с.Гајре – Тетово, од 50 – 100м. на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар, од 100 – 150м. на патниот правец Страцин – Куманово, од 30 – 50м. на планинскиот превој Буково и до 50м. на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести