вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Внимателно возете, одрони на неколку патни правци

Внимателно возете, одрони на неколку патни правци
илустрација

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

На патниот правец Делчево – М.Каменица кај м.в. Бориштието, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Р1102 Д.Капија – Удово, на 2км. пред Удово поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести