Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец од Тетово кон село Лисец, информира АМСМ во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.