недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВНИМАВАЈТЕ, ОВА МОЖЕ И ВАМ ДА ВИ СЕ СЛУЧИ: Телефонските измами за „сообраќајки“ во Македонија се почести, не наседнувајте!

ВНИМАВАЈТЕ, ОВА МОЖЕ И ВАМ ДА ВИ СЕ СЛУЧИ: Телефонските измами за „сообраќајки“ во Македонија се почести, не наседнувајте!

Внимавајте, обидите за измами и изнуда на пари за прикривање штета од сообраќајка веќе подолго време присутни во Македонија, а сега ескалираат.

Полициските билтени и по неколкупати месечно регистрираат поединечни случаи на обид за измама, но дел од граѓаните веќе успеале да бидат измамени и измамниците да извлечат пари од нив, пред оштетените да сфатат дека сето тоа е лага.

Шемата е веќе позната: Измамниците ѕвонат кај член од семејството и велат дека се случила сообраќајка во која блиската личност некого прегазила, па бараат пари за да ја спасат од затвор. Иако има граѓани кои наседнале на ова, сепак постојат и оние кои и во моменти на огромен стрес одлучуваат да останат трезвени, да поставуваат прашања и да пријават во полиција.

Уште еден ваков случај стана актуелен на Фејсбук, а граѓаните масовно го споделуваат.

-Внимание‼️ Споделувајте‼️ Ова што ќе го прочитате одговорно тврдам дека ми се случи мене, а со тоа и на мојата потесна фамилија. Прочитајте зошто секој миг може да ви се се случи вам, него, нему, нејзе не дал Бог.
Вчера околу 3 и 30 ми зазвони фиксен телефон. На телефонот слушнав глас од девојка која не може да зборува. Едвај со напор разбрав: “мама направив сообраќајка” (гласот е совршено одигран зошто на почеток не знаете дали е машко. Чекаат да го вриснете името). Потоа некој ја зема слушалката и вели: овде командир на полиција, вашата ќерка направи сообраќајка, тешко повредена но ќе преживее. (Деталите ќе ги прескочам, мене ми се слоши).
Јас веќе не знаев кај сум. На тоа тој вели дека е командир на полициска станица и додава: Има и нешто друго. Прегазила бебе и бебето почина. Шок и безумие. Две минути пред овој тел. повик јас зборував со ќерка ми.
И сето ова нормално, веќе се научивме на новото нормално е ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА.
Се собравме некако и се преселивме во реалноста на новото нормално.
Одиме во полициска станица и командирот ни вели вакви мајки како вас се тресат пред мене од шок по дваесеттина месечно. На десеттици семејства веќе им изнудиле 10.000 евра за нивното чедо како не би лежело во затвор.
При тоа, загрижен искрено и од срце ме замоли да го напишам овде овој тероризам на умот, срцето и душата кој ни се случи нам вчера и да ве информирам дека во случај некој да ви звони, да бидете смирени и само така смирено да ги навлечете да ви побараат откуп на детето или случајот. Потоа да се јавете во полиција и да ги фатат живи.
Трендов на телефонски терор трае засилено од 2020та и сега ескалира. Очекуваат летово да бидат обивани и станови, не само изнудувани пари. Ниту едни пари на свет не можат да покријат дело прегазено и мртво бебе. Ова е страшно што се случува. Ве молам информирајте повозрасни, помлади неважно која возраст родители или со кого и да живеете и бидете присебни за да ги фатат. Јас очигледно не знаев за оваа појава и како мајка не успеав да останам присебна.
Описите се морбидни. Нема да ви ги опишам. Полицијата не е во состојба да ги фати. Картичките се купени припејд во странство и после секое јавување ги фрлаат. (Цитирам командир).
Толку од мене.
Останете присебни.
Повиците ќе продолжуваат.
Споделувајте.

Најнови вести