четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВНИМАВАЈТЕ: Топлото време донесе и труења од храна- најчеста причина е салмонела

ВНИМАВАЈТЕ: Топлото време донесе и труења од храна- најчеста причина е салмонела

Со високите температури почнаа и труењата со храна. Изминатите денови неколку граѓани кои консумирале домашно подготвена храна која не била чувана во соодветни услови со симптоми на гадење, повраќање и дијареа побарале помош на Инфективна. Од Клиниката, за Сител ТВ, велат дека станува збор за поединечни случаи.

-Пациентите даваат податок дека консумирале лошо чувана храна која не се чувала во соодветни услови, изјави прим. д-р Жаклина Шопова, од Клиника за инфективни болести.

Бидејќи доаѓаат уште потопли денови, инфектолозите советуваат да се внимава каква храна се консумира за да не дојде до труење.

-Секогаш како препорака кажуваме да се консумира свежа храна, термички да биде обработена, додаде д-р Шопова.

Во спротивно првите симптоми на труење можат да се јават само неколку часа по конумирањето на небезбедна храна, а доколку навреме не се побара лекарска помош може да дојде до дехидрирање на организмот.

Најнови вести