Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на последната прес конференција изјави дека предизборниот молк ќе трае до 19:30 часот.
Претходно, тој информираше дека на сите граѓани кои се дојдени на избирачките места до 19 часот ќе им биде овозможено да гласаат.
На денешните седми локални избори право на глас имаа 1 824 864 граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места.