сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во 2018 година над 1.600 граѓани се откажале од македонско државјанство, со Заев на власт државата се празни

Во 2018 година над 1.600 граѓани се откажале од македонско државјанство, со Заев на власт државата се празни

Секоја година над 1.500 граѓани од Македонија се откажуваат од македонско државјанство за да започнат нов живот во друга држава. Тоа стана секојдневие во државата, во потрога за подобар живот граѓаните се иселуваат од Македонија.

Зоран Заев пред да стане премиер ветуваше дека сите иселени лица од Македонија ќе ги врати во државата, а другите ќе ги задржи. Но тој не ги задржа граѓаните дома, а другите иселени не ги врати.

-Многумина од вас разочарани од состојбите во земјава, ја напуштивте Македонија. Се упативте во голема неизвесност. Јас ви нудам избор да останете со цврсто закотвени сидра на своето парче земја. Тука каде што ќе добиете можност за неповартни 10.000 евра да отворите сопствен бизнис, или бесплатен деловен простор во старт ап центри, или кредити со само 1 процент годишна камата. Во ваши раце се и белото знаме со кое можете да се предадете и црвеното знаме на животот со кое ќе ја прогласите својата победа. Иднината е ваша, и одлуката е ваша. Ве повикувам заедно да донесеме живот во Македонија, истакна премиерот Зоран Заев на 04.12.2016 година.

Премиерот Зоран Заев на истиот настан на 04.12.2016 година пред граѓаните рече –„Еве овде во овој План за живот во Македонија се содржани сите ваши планови за вашите животи. Затоа што Планот го пишувавме заедно. Затоа што овој план заедно го поставивме на наука, историја и факти. Затоа што го зедовме најдоброто од светот за да го донесеме светот во Македонија. За децата да ни се вратат од странство, за и ние да го видиме нашиот живот, нашиот добар живот, овде“.

Наспроти овие ветувања според податоците на МВР, во 2016 година 1.476 лица се откажуваат од свои државјанства. Во 2017 година 1.526 лица, во 2018 година 1.621 лице, во 2019 година 1.326 лица и во 2020 година 1.240 лица добиле отпуст од државјанство на Македонија. Државјаните на Република Македонија добиваат отпуст од државјанство со цел да се стекнат со државјанство на друга држава која предвидела согласно со нивното национално законодавство, поседување само на едно државјанство.

Според податоците на МВР во 2018-тата година најголем број граѓани се откажале од своето државјанство, односно 1.621.

-Откако е СДСМ е на власт секој ден се повеќе се зголемува бројот на иселени од државата. Граѓаните се иселуваат затоа што во Македонија под власта на Заев економијата е сѐ полоша. Зоран Заев потроши неколку години од својот мандат на растурање на државата, општествено, економски, безбедносно, и финансиски, наместо ги врати иселените како што вети. Зоран Заев и СДСМ не се способни ништо добро да направат, се вели во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести