Нема ново животно заболено од антракс, а опасната заразна болест не е регистрирана кај луѓето, тврдат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од АХВ велат дека покрај селото во кичевско каде беше регистриран последниот случај на антракс кај овца, има уште 22 населени места во државата каде постои опасност од појава на болеста.
Во тие места каде се појавувала болеста изминатите години, според АХВ се прави вакцинација на сите животни против антракс и тоа трае 20 години колку што може да опстои бактеријата во почвата.
Инаку во кличевското село биле спалени 9 мрши на овци и ветеринарите пепелта ја ставиле во почва.
Директорот на АХВ со уверување дека тешко може човек да се зарази со антракс од заразно месо, бидејќи при колење на животни мора да биде приложен здравствен сертификат.
Вчера пак, од Ветеринарниот факултет соопштија дека нивни вработени кои ги правеле анализите на заболената овца, земаат превентивна терапија.