Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, објавија зошто денеска нема да им го честитаат на жените 8 Март.
Тие на нивниот Фејсбук-профил објавија 14 права на жените кои уште во државата не се остварени и повикуваат да се започне со секојдневната борба за правда.
„Не Ви го честитамe 8 Март бидејќи живеете во земја каде:
1. Во повеќе од 34 општини нема ниту еден гинеколог;
2. Затоа што половина милион жени на возраст над 12 години имаат ограничен пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита;
3. Затоа што Министерството за здравство не ја покрива партиципацијата за сите породувања во јавните здравствени установи во земјата;
4. Затоа што за пет години умреле 203 жени од кацрином на грло на матка, а Министерството за здравство и во 2019 година го намали буџетот за 2.8 милиони денари;
5. Затоа што жените, сексуалните и родовите малцинства се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат;
6. Затоа што правото на здравствена заштита на „помалиот“ етнички колектив во земјава разочарува;
7. Затоа што во период од 5 години се убиени 70 жени во земјава, од кои што 51 се жртви на фемицид;
8. Затоа што државата не превзема конкретни мерки за поддршка на жените жртви на семејно насилство откако ќе излезат од кругот на насилството;
9. Затоа што институциите не се транспарентни;
10. Затоа што е висока стапката на невработеност;
11. Затоа што жените не се заштитетни од сексуално вознемирување при работа;
12. Затоа што голем број судски постапки за семејно насилство немаат разрешница;
13. Затоа што нè сите деца се вклучени во образовниот систем;
14. Затоа што треба, а не сте рамноправни.
Затоа, време е сите да започнеме со секојдневната борба за правда„-порачува Тимот на ЕСЕ.