Во изминатиов период од неколку месеци има повторно офанзивно вработување на партиски истакнати членови на СДСМ и Агенцијата за храна и ветеринарство е претворена во партиски штаб на владеачката партија, велат извори од АХВ.
Изворите додаваат дека уште пред да се распише оглас за вработување се знае точно кои се луѓето кои што треба да влезат во АХВ, а има најави за нови 35 вработувања до петок.
Од луѓето кои се вработени е и новопревземениот претседател на локалниот огранок на СДСМ во Тетово, Трпче Грозданоски, кој што сега е на позиција раководител на Одделение за материјали и производи во контакт со храна, Сектор за храна од неживотинско потекло.
Нововработен во Агенција за храна и ветеринарство е Борис Стојанов од Струмица активист на СДСМ.
Елена Велковска вработена на позицијата соработник за анализа на ризик во АХВ, активистка на СДСМ од Свети Николе, веројатно во роднински врски со актуелниот градоначалникот на Свети Николе.
Столе Јосифов, вработен како Помлад инспектор за инспекција на храна, во АХВ – Подрачна единица Виница, активист на СДСМ.
Марјан Велиновски, вработен како Помлад инспектор за инспекција на храна, во АХВ – Порачна единица Македонска Каменица, исто така активист на СДСМ.
Александар Петрески, вработен на работно место помлад инспектор за инспекција на храна во АХВ – Подрачна единица Демир Хисар, активист на СДСМ.
Дончо Андоноски, вработен на работно место помлад референт за евиденции во АХВ – Подрачна единица Гостивар, активист на СДСМ.
Вуле Младеновиќ вработен на работно место помлад инспектор за инспекција на храна во АХВ – Подрачна единица Неготино, активист на СДСМ.
Рада Бојаџиеска, вработена како помлад инспектор за инспекција на храна во АХВ- Подрачна единица Струга, активист на СДСМ.
Ирена Трајковиќ, вработена во АХВ, исто активист на СДСМ.
Иако Антикорупциската комисија во пресрет на предвремените парламентарни избори посочи дека вработувањата во предизборниот период можат да бидат подведени како изборен поткуп на гласачи, трендот на вработувања на активисти и блиски луѓе до владеачката партија продолжува.
Да потсетиме само дека во Агенцијата за храна и ветеринарство во агуст месец минатата година беа вработени Александар Гиноски, поранешен претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров, партискиот активист Александар Јованчев близок до генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Во Агенцијата се вработи и братот на градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, како и Никола Савовски, кандидат за советник во општина Центар од редовите на СДСМ.
Атанас Бојчев е еден од поранешните директори на Државниот студентски дом „Скопје“, исто беше префрлен да работи и да раководи во АХВ.
По ова осамнаа ветувањата на Заев и СДСМ за професионализација на администрацијата, кога повторно се користат инситуциите за згрижување партиски активисти кои најчесто не ги исполнуваат критериумиите за избор и потребите на работните места каде се вработени.