петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во август земјава ја посетиле над 102.000 странски туристи

Во август земјава ја посетиле над 102.000 странски туристи

Во земјава во август годинава се евидентирани вкупно 216.872 туристи, од кои 114.811 (52,9%) биле домашни, а 102.061 (47,1%) странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, тие оствариле 877.138 ноќевања, од кои 75,2 отсто ги оствариле домашните, а 24,8 отсто странските туристи.

Во првите осум месеци од годинава за 22 отсто е зголемен бројот на туристите во споредба со истиот период лани при што кај домашните туристи има зголемување за 0,4, а кај странските за 42,4 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 9,6 отсто и тоа за 1,2 отсто кај домашните и за 25,5 отсто кај странските туристи.

Најнови вести