недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во борбата против насилството врз жените мора да се вклучат и мажите – и за свое добро

Во борбата против насилството врз жените мора да се вклучат и мажите – и за свое добро

Вчера, 22-ри ноември, се одржа завршната конференција на тема „Грижи се машки – Од свесност до вклученост: Вклучување на мажите во превенција на родово насилство и работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвата“, во организација на Реактор – истражување во акција и ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување.

„Предизвикот со родово базирано насилство врз жените не е само личен, ниту пак е релациски предизвик, тој е длабоко социјален, културолошки и општествен и затоа бара комплексни решенија. Со секој нов ден сме сѐ посвесни дека ако сакаме да го превенираме насилството, покрај со жртвата, мора да работиме и со сторителите на насилството. Потребна е рехабилитација, едукација, меѓутоа и поддршка, како на жртвите на насилство, така и на сторителите“, изјави Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, во своето поздравно обраќање до присутните на конференцијата.

Бојан Јовановски, извршен директор на ХЕРА, се осврна на токсичната мажественост којашто е сеприсутна и штетна подеднакво и за мажите и за жените.

„Нашето општество е традиционално, патријархално и мажественоста што ја гледаме наоколу, во основа, е насилна и доминантна во својата моќ врз жените. Најстрашно од сѐ е што таа токсична мажественост е нормализирана, без разлика дали се случува во домот, медиумите, училиштата или во јавниот простор. Притоа, малку се прави, особено системски, за таа да се промени пред сѐ за да се намали насилството во кое најчесто жртви се жените и девојките.“

Најнови вести