петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Делчево закажана првата форумска сесија од Буџетскиот форум

Во Делчево закажана првата форумска сесија од Буџетскиот форум

Општина Делчево и Регионален центар за застапување Делчево го утврдија датумот за одржување на првата форумска сесија во рамки на Буџетскиот форум. На вкупно трите сесии кои се планирани, како што информираа од Општината граѓаните ќе можат да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот за подобар развој на општината.

– Првата форумска сесија ќе се одржи на 24.10.2023 (вторник) во мултифункционалниот центар во спомен дом АСНОМ, Делчево со почеток во 11.00 часот. Преку буџетскиот форум жителите на општина Делчево на форумските сесии ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Делчево за тековната 2023, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната, 2024 година, информираа од Општина Делчево.

Целта на алатката Форуми во заедницата“ како што додадоа е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво.

– Оваа можност претставува платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво, да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво и второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба, додадоа од Општина Делчево.

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани, бизнис заедницата и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Делчево.

Од Општина Делчево и РЦЗ кои се организатори на настанот упатија отворена покана до граѓаните да учествуваат на првата форумска сесија, а воедно и да го пополнат анкетниот прашалник објавен на Општинската веб-страница преку кој исто така можат да дадат свои предлози за решавање на одреден проблем во заедницата.

Најнови вести