петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во делчевско Тработивиште утре ќе се одржи третата по ред „Зелкаријада“

Во делчевско Тработивиште утре ќе се одржи третата по ред „Зелкаријада“

Во делчевското село Тработивиште утре ќе се одржи манифестацијата „Зелкаријада 2023″, настан кој има за цел промоција на најзастапената земјоделска култура што се одгледува на подрачјето на ова делчевско село.

Во рамки на настанот планирано е приготвување на специјалитети од зелка, но и многу други традиционални јадења и вкусови од сопствено производство на жителите на село Тработивиште.

– Годинешната Зелкаријада ќе се одржи на 14 октомври 2023, за време на празникот Покров на Пресвета Богородица”. И годинава настанот се реализира под мотото „Почувствувајте ги вкусовите и традициите на Пијанец”. Оваа манифестација, наречена Зелкаријада има за цел да ги негува традициите во производство на тработивишката зелка, но и да ги афирмира трудот и творештвото на овдешните земјоделци, сточари, овоштари но и на роднокрајните интелектуалци учители, професори, инженери, лекари, културни дејци, трговци, спортисти и бизнисмени, истакна Васил Маневски, жител на село Тработивиште.

Во пресрет на настанот жителите реализираа повеќе активности за разубавување на селото, меѓу кои покривање на црковниот трем и засадување дрвца во централното градско подрачје.

-Исто така неодамна асфалтирано е централното градско подрачје, поставена е хоризонтална и вертикална сигнализација, а разубавен е и просторот околу селската пошта. Целосно е покриен и црковниот трем на црквата Успение на Пресвета Богородица, а ќе следуваат уште многу активности, додадоа од месната заедница во Тработивиште.

Организаторите на настснот упатија покана до граѓаните на Делчево и околината да присуствуваат на третата по ред Зелкаријада со што ќе го збогатат самиот настан.

Најнови вести