понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во јули издадени 276 одобренија за градење

Во јули издадени 276 одобренија за градење
илустрација

Во јули годинава во Македонија се издадени 276 одобренија за градење или за 34,6 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, со кои е предвидена изградба на 648 станови со вкупна корисна површина од 53.243 метри квадратни во вредност од 4,671 милијарди денари, што е за 200,4 отсто повеќе во однос на ланскиот јули.

Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 146 (52,9 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 39 (14,1 отсто) за објекти од нискоградба и 91 (33 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 276 објекти, на 161 или 58,3 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 115, односно 41,7 отсто инвеститори се деловни субјекти.

(Миа)

Најнови вести