среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Македонија се заразил со западно-нилска треска: 66-годишен скопјанец во критична состојба на Инфективна

Во Македонија се заразил со западно-нилска треска: 66-годишен скопјанец во критична состојба на Инфективна

Сè уште е критична здравствената состојба на 66-годишниот човек од Скопје кај кого беше потврдена нилска треска.

Од Инфективната клиника објаснуваат дека дополнително состојба се отежнува поради претходните здравствени проблеми што ги имал човекот.

Човекот не ја напуштил земјата, бил на одмор во Македонија. Епидемилозите велат дека во рој на комарци може да има еден комарец кој се заразил со треска и да го пренесе. Но најмногу зависи каква е здравствената состојба на човекот.

Од клиниката за Инфективни болести велат дека досега нема најава ниту потврда за нови случаи со нилска треска.

Извор: Канал 5

Најнови вести