Македонија во моментот се наоѓа во здравствена економска и политичка криза. Поради последици од корона пандемијата државата се наоѓа во рецесија со зголемена невработеност и 60.000 на улица. Покрај тоа веќе неколку месеци Собранието е нефункционално и економската помош од четвртиот и петтиот пакет мерки не може да стигне до граѓаните бидејќи законите не се изгласани поради недостиг на кворум.
Во 2020 година во Македонија се згаснати дури 6213 правни лица. Само во Битола 342 фирми добиле катанец, односно се затворени во 2020 година.
Малите бизниси посебно на удар. Наместо реална помош за граѓаните законите економските пакет мерки на владата заглавани во процедура. Економијата тоне, со согледување на одредени квантитативни податоци, можат да се изведат сериозни заклучоци. Власта со воведување голем број на социјални ограничувања, затворање на одредени објекти и несоодветното менаџирање со цел справување со пандемијата успеа да рефлектира криза врз македонската економија.
Во Битола во 2020 година приватниот сектор бил најмногу на удар. И место реална поддршка и помош преку економските пакет мерки во Битола дури 342 фирми ставиле катанец во 2020 година. Овие фирми најчесто се мали бизниси сместени во битолската чаршија.
„Битола е градот каде што во 2020 година негативниот одраз врз приватниот сектор најмногу се почувствува.Се што прави СДСМ и функционерите од власта е само параван на неспособност која ги следи во секој чекор и област. И место реална поддршка и помош во Битола, дури 342 фирми добиле катанец, односно се затворени во 2020 година. Покриваат јавни настапи со теми кои се болни и тешки за секој сопственик или вработен во приватен сектор, посебно во малите бизниси. Манипулираат, потценуваат и си поигруваат со младите па организираат трибини за промоција на самовработување и сопствени бизниси во време во кое затворија да повториме 342 битолски фирми“, изјави Марица Тодровска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.