понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во МАНУ предавање за етичката криза на човештвото и на цивилизациите

Организатори на предавањето се Универзитетот „Евро-Балкан“ и Филозофското друштво на Македонија во соработка со МАНУ, во рамки на своите меѓународни активности.
Во МАНУ предавање за етичката криза на човештвото и на цивилизациите

Професорот Џулијано ди Бернардо од Универзитетот Тренто во Италија денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе одржи предавање на тема „Етичката криза на човештвото и на цивилизациите“.

Организатори на предавањето се Универзитетот „Евро-Балкан“ и Филозофското друштво на Македонија во соработка со МАНУ, во рамки на своите меѓународни активности.

Џулијано ди Бернардо (1939) е познат италијански филозоф, социолог и општествен активист. Има значајни придонеси во областа на истражувањата на деонтичката логика и методологијата на социјалните науки. Негови најпознати дела се „Вовед во логиката на нормативните системи“ (1972), „Истражувања на социјалниот свет“ (1979), „Филозофија на масонството“ (1987), „Човечкото знаење. Од физика до социологија и религија“ (2010).

 

Најнови вести