Во март годинава се издадени 211 одобренија за градење, што е за 45,1 процент помалку во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.678.288.000 денари, или за 76 проценти помалку споредено со март минатата година.
Намалената предвидена вредност се должи на тоа што во претходниот период беше издадено одобрение за градење на магистралниот гасовод – делница 2, Неготино (Кавадарци) – Битола.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 119 (56,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 35 (16,6 проценти) за објекти од нискоградба и 57 (27 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 211 објекти, на 116 (55 проценти) инвеститори се физички лица, а деловни субјекти се јавуваат како инвеститори на 95 објекти (45 проценти).
Во извештајниот период е предвидена изградба на 342 станови со вкупна корисна површина од 27.398 метри квадратни.