ТАВ Македонија информира дека следната година планира реновирање на пистата на скопскиот аеродром.
-Како дел од инвестицискиот план за експанзија и реновирање на македонски аеродроми, следната година, почнувајќи од 28-ми март 2022 до 16-ти мај 2022, во времетраење од 50 дена, ТАВ Македонија планира да ја рехабилитира пистата на скопскиот аеродром, информираат од ТАВ Македонија
За оваа цел, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје, во овој временски период, ќе се случува од 17 часот и 30 минути попладне до 9 часот наутро.
-Планирана во консултација со сите засегнати страни, рехабилитацијата на пистата ќе биде завршена без затворање на аеродромот и со минимално влијание на авиосообраќајот. Натамошни информации ќе бидат обезбедени навремено, велат од компанијата.