До 17 часот, излезноста на гласачите на изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше изнесува 44 отсто, a во Центар Жупа 41,71 отсто, со што исполент е цензусот за минимален одѕив од една третина за изборите да бидат успешни.
Во Тетово на изборите за совет во општината, до 17 часот излегле 27,79 гласачи, информира Државната изборна комисија.
Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи, од кои 84.072 во Тетово, 7.154 во Центар Жупа и 9.948 во Маврово и Ростуше.
Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.