На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА ја потврдуваат акцијата, но не откриваат детали.
Најавуваат дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Основното јавно обвинителство по завршување на акцијата.
Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по објавата на информациите дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пацинети. (МИА)