сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во обвинителството има кривична пријава за функционерот на СДСМ Курто Дудуш (ДОКУМЕНТ)

Во обвинителството има кривична пријава за функционерот на СДСМ Курто Дудуш (ДОКУМЕНТ)

Во Јавното обвинителство во Скопје пред 19 дена е поднесена кривична тужба до градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш за нанесување телесна повреда, а заедно се уште едно лице тој се товари за загрозување на безбедност.

Приватната кривична пријава во име на тепаниот Сенат Јашар ја поднесува познат адвокат од Скопје но досега од обвинителството нема објавено никакви информации за случајот кој го објави порталот lider.com.mk и ја потресе јавноста.

Во објавениот аудио материјал од се слушаат гласовите на неколку луѓе меѓу кои и на Дудуш при што е јасно дека некој некого се слушаат пцости и звуци кои укажуваат на насилство.

Во кривичната пријава тепаниот Јашар со помош на неговиот адвокат во детали го објаснуваат настанот што се случил на 30 април.

Јашар во пријавата тврди дека дека веднаш откако дошол во општината на повик на Дудуш бил нападнат и насилно внесен во просторија каде што бил жртва на насилство.

Во документот се наведуваат и имиња на двајца сведоци.

Речиси три недели по инцидентот јавното обвинителство не излегуваат со информации за случајот во кој високиот функционер на СДСМ е обвинет дека вршел физичко насилство врз свој поранешен вработен.

Најнови вести