На повеќе атрактивни локации низ Охрид се снимаа кадри за промотивниот спот за историскиот прв пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.
Навивачката химна „Одиме на Европско“ се снима на локации низ градот и на пловни објекти на езерото. Организаторот и продуцент на снимањето вели дека за разлика од други проекти, овојпат воопшто немало проблем со наоѓање стратисти за снимањето, напротив имало многу заинтересирани да бидат дел од проектот.
Снимањето во Охрид е петти ден од почетокот на проектот, досега со екипата од „Мелем продукција“ се снимаше во Свети Николе, Велес, Крушево и Битола. Снимањето на спотот ќе продолжи и во Гостивар и Маврово, а ќе заврши во Скопје.