четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во петок само два воза низ Македонија, сабота и недела нема да има возови

Во петок само два воза низ Македонија, сабота и недела нема да има возови

Од Железници – Транспорт информираат дека во сабота (2 мај) и во недела (3 мај) патничките возови нема воопшто да сообраќаат.

Во петок (1 мај), ќе сообраќаат само два воза. Од Битола за Скопје ќе сообраќа возот бр. 640, со поаѓање во 6 часот. Од Гевгелија за Скопје ќе сообраќа возот бр.630, со поаѓање во 5,40 часот. Други возови за време на првомајските празници нема да има, бидејќи полицискиот час е од 14 часот попладне до 5 часот наутро.

Во периодот по понеделник (4 мај), патничките возови ќе сообраќаат по изменетиот возен ред којшто стапи на сила на 27 април годинава.

Возовите ќе продолжат да возат по редуциран возен ред, при што целосно ќе изостанат на релациите Скопје-Табановце-Скопје, Скопје-Кочани-Скопје и Скопје-Кичево-Скопје до крајот на мерката за ограничено движење на населението.

Најнови вести