Смешно е претседател на ДИК, како што беше Стево Пендаровски во 2004 година, кој ништо не направил тогаш по прашањето излезност на избори сега да зборува за бојкот, ситуацијата е различна. На референдумот луѓето не излегуваа зошто не сакаа да прават компромис со правото. Прашањето за името е толку болно и не може никако тоа да го споредиме со избори или со ова сега, рече Гордана Силјановска Давкова на дебатата на Канал 5 телевизија.
Во однос на тоа дали била дел од демонстрациите Силјановска вели:
-Не марширав зошто во првите редови беа демонстранти или како да речам професионални демонстранти кои сега ги гледамее во институции, во Собрание. Јас тоа не сум, рече Силјановска.