петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во рок од 10 дена со испаѓањето на двата блока РЕК Битола и ЕЛЕМ трпат загуби од околу половина милион евра

Во рок од 10 дена со испаѓањето на двата блока РЕК Битола и ЕЛЕМ трпат загуби од околу половина милион евра

Додека АД ЕЛЕМ се користи како средство за делење на тендери на фирми во сопственост на  луѓе блиски до врвот на  власта, конкретно брат на премиерот, системот во РЕК  Битола постојано крахира, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено повторно крахираше еден од блоковите во РЕК Битола, овој пат Блок 1, додека само пред една недела имаше прекин во работата на друг Блок. Штетата од едно испаѓање на блок во РЕК Битола е околу 200.000 евра. Во рок од 10 дена со испаѓањето на двата блока РЕК Битола и ЕЛЕМ трпат загуби од околу половина милион евра. Дали овие штети кои што ги трпи компанијата се резултат на неспособност на кадрите на СДСМ и не знаат да менаџираат со компанијата?, прашува Арсовски.

Тој прашува дали можеби намерно се води вака компанијата и намерно се предизвикуваат огромни штети за да може после преку тендери за поправки да се полнат сопствените џебови на кадрите на СДСМ? Ова е сериозен сомнеж и треба да се истражи. Дали некој од власта си игра со најголемиот произведувач на струја во државата, кој обезбедува и до 80% од потребите на граѓаните? СДСМ нема капацитет да управува со државата и државните фирми. Очигледно нив ги интересира само личниот интерес и бизнис интересот на нивните фирми.

Најнови вести