четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во сабота во 20 часот започнува најголемиот телевизиски спектакл – кинеската Нова година

Во сабота во 20 часот започнува најголемиот телевизиски спектакл – кинеската Нова година

Во соработка со најголемата кинеска медиумска куќа China Media Group (CMG) Ве известуваме дека на 21-ви кон 22-ри Јануари (оваа сабота), во Кина се прославува доаѓањето на Новата Година или како што ја нарекуваат „Пролетен фестивал“ и претставува најзначајниот празник за Кинезите. Според кинескиот хороскоп 2023 година ќе биде во знакот на ЗАЈАКОТ.

Оваа вечер кинезите вообичаено ја прославуваат во кругот на семејството собрани околу обилната и пребогата трпеза, но и со вклучен телевизор. Точно во 20 ч. по локално време, започнува најголемиот телевизиски спектакл – т.н. Новогодишна Гала. Овој ТВ шоу според бројот на гледачи е најзначајниот ТВ шоу во Кина и воедно најгледан ТВ настан во светот според Гинисовата книга на рекорди.

Главен продуцент е токму Чајна Медиа Груп, а започна да се емитува далечната 1983 година. Програмата трае 4 часа и претставува дефиле на најпоуларните кинески музичари, актери, комичари, акробати, забавувачи, а во неколку наврати учествувале и познати светски ѕвезди како пеачката Селин Дион, актерката Софи Марсо, танчерската група Fire of Anatolia итн.

 

Најнови вести