Од вчера мобилните телефони на обвинителите и на останатите вработени во СЈО се исклучени во еден правец, односно можат само да примаат повици, а набрзо ќе им бидат исклучени и за дојдовни повици. Исто така, во просториите на СЈО повеќе нема ниту интернет, појаснуваат за „Фокус“ вработени од веќе згаснатото обвинителство.
Исклучувањето следува поради неплатени сметки. Пари има, но по разрешувањето на Катица Јанева нема кој да ја потпише исплатата, пишува порталот.
Долговите во СЈО се натрупани за три месеци, па така се должи и за сметки за вода, парно, струја, кирија, а стотината вработени веќе трет месец чекаат и плата.