сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Србија се попишани како Македонци, а Македонија не им дава државјанство

Во Србија се попишани како Македонци, а Македонија не им дава државјанство

Македонија да најде начин да им издаде државјанство на десетици илјади декларирани Македонци, кои живеат во Србија, бараат од Партијата на Македонци во Србија.

Иако нивните предци се родени во Македонија, а тие се попишани во Србија како Македонци, тоа не било доволен доказ да се стекнат со македонско државјанство. Од Партијата на Македонци во Србија бараат да се олеснат процедурите со новиот Закон за државјанство и земјава да најде начин да ја заштити својата дијаспора, пренесе Сител.

Комплексните процедури веќе ги обесхрабруваат помладите генерации да побараат македонско државјанство. Илијевски стравува дека малкумина ќе се самопопишат бидејќи немаат македонско државјантво. Србија попишала 23.000 Македонци, а кај нас за еден месец се самопотпишале едвај 700.

Партијата на Македонци во Србија смета дека сега е време да се реши проблемот, кога веќе се отвара Законот за државјанство. Инаку, токму партиските неусогласувања околу предложените измени за начинот на кој може да се стекне македонско државјанство се причина за повеќедневна блокада на работата на Собранието.

Прилогот на СИТЕЛ погледнете го во продолжение:

Најнови вести