Незадоволни од домашното судство, македонските граѓани правдата ја бараат во Европскиот суд за човекови права. Моментално во Стразбур има околу 300 тужби против Македонија. Претседателот на судот, вели дека се уште предизвик за земјава било времетраењето на судските процеси. Спано, потсетува дека пресудите на судот во Стразбур се обврзувачки за државите, објави Сител.
Спано не знае зошто не се спроведуваат пресудите во корист на македонските здруженија во Бугарија. Вели, Европскиот совет следел дали државите ги спроведуваат пресудите на Судот за човекови права.
Министерот за правда очекува да се намали бројот на предмети во кои македонски граѓани ја тужат државата. Вели, Судот за човекови права се обврзал побрзо да доставува мислења за предмети кои подоцна би можело да стасаат во Стразбур.
Во изминатите десетина години, државата исплатила над 2 милиони евра отштета на македонски граѓани кои правдата наместо во домашните судови ја добиле во Стразбур.