Атрактивното земјиште во Струмичката касарна повторно станува актуелно. Имено на овој простор денес се градат згради од страна на фирмите на Заеви, со низа скандали, а во 2013 година Зоран Заев како кандидат за градоначалник ветуваше изградба на мултифункционален пазар
Вчерашното видео обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски отвори сериозен скандал за оттуѓување на државно земјиште во општина Струмица, поточно во просторот на струмичката касарна, во време кога денешниот премиер Зоран Заев беше градоначалник на општината. Во овој случај земјиштето најпрво било продадено на Сашо Брндевски, бизнис партнер на Заеви во фирмата Сара Инжинеринг, кој патем бил и единствен наддавач, за потоа голем дел од тоа да биде отстапено на Трајче и Вице Заеви за еднособен стан.
Спорната парцела од 18 462 м2 за која денес говореше Христијан Мицковски се наоѓа во просторот на поранешната касарна, просторот каде што Зоран Заев како кандидат за градоначалник во 2013 година ветуваше изградба на мултифункционален пазар од 15000 квадрати, кој до ден денес не е изграден.
Локалната власт во Струмица цело време се бранеше дека го немале во владение добиено просторот на Струмичката касарна од страна на централната власт и затоа не го изградиле мултифункционалниот пазар. Сега се поставува прашањето како тоа го немале владението за изградба на пазар, а имале владение да отуѓуваат парцели за згради и тоа на бизнис партнери на Заеви, за потоа истите парцели преку отстапување да дојдат во сопственост на фирмите на Вице и Трајче Заеви.